Вести Македонија Најважни

Бочварски уверува дека „Бехтел&Енка“ ниту побарале, ниту наплатиле пари, опозицијата тврди дека ќе плаќаме пенали

Ништо не е платено кон „Бехтал и Енка“, ниту, пак, се побарани средства од конзорциумот. Министерот Бочварски контра обвинувањата на опозицијата која тврди дека од денеска тече рокот за плаќање на пенали заради непочитување на договорот.

На обвинувањата на опозицијата дека ќе се дозволи и да се гради без одобренија за градба, Бочварски рече дека ова е нова постапка на градење, каде прво ќе се одобри урбанистичкиот  проект на трасата, па потоа ќе почне процесот на експропријација на земјиштето. Сепак, тврди дека проектите ќе подлежат на ревизија.

Веќе е познато дека во собранието се наоѓаат измените на неколку закони за да можат „Бехтел и Енка“ да градат побргу. Тука се и оние измени во законот за работни односи со кои работната  недела би траела 60 часа. Но, дали ќе се интервенира во овој дел е неизвесно. На измените во законите реагираа и невладините. Предупредија се отвора простор за корупција.

Иако, се очекуваше Владата вчера да испрати покана за локацијата од каде би стартувале градежните работи, тоа не се случи. Ниту денеска министерот Бочварски не кажа кога и точно и од каде би бил стартот на градбата. Проект нема, но пред два дена рече дека новинарите ќе добијат покана каде треба да дојдат. Сега тврди дека пред да почне градбата, мора да се направат сите подготовки на трасата. Го нема ниту главниот координатор Груби кој пак на почетокот на месецот облечен како Коридорот 8, на наплатната станица Тетово – Гостивар ја собра целата владата и се поставуваше камен темелник за овој коридор. Новите автопати ќе чинат 1,3 милијарди евра плус уште најмалку 300 милиони евра за експропријација.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе