Вести Магазин Свет

Куќата на Џеки Кенеди на продажба за 26,5 милиони долари

Куќата на Џеки Кенеди оди на продажба. Објектот во Вашингтон, кој со децении беше магнет за љубопитните туристи, но и за Американците, е направен во федерален стил и понуден е за 26,5 милиони долари.

Нејзин најпознат станар беше поранешната прва дама на САД, Жаклин Кенеди. Таа го купи замокот, откако ја напушти Белата куќа и се пресели во него по неколку недели од убиството на Џон Кенеди. Во неа го даде и сведоштвото за смртта на нејзиниот сопруг. Но, притисокот од туристите чии љубопитни очи сакаат да видат сe низ нејзините прозорци, ја принудија да се отсели и смести во стан во Њујорк.

Низ годините се сменија неколку сопственици на куќата. Целата парцела е спој на два дома, со чија интеграција е добиен спектакуларен имот од 15.000 метри квадратни, со раскошни детали, прекрасна градина и луксузен ентериер кои не го одзедоа историскиот шарм на домот. Среќниот купувач, освен гламурозните детали и реновираната подземна гаража, не само што ќе стане жител на најстарата населба во Вашингтон, туку ќе ужива да живее меѓу ходниците на историјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе