Вести Македонија Најважни

Николоски за договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д: 70% од работниците ќе бидат странци- парите на македонските граѓаните ќе одат надвор од државата

Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови спорни моменти од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д кој Владата го потпиша со Бехтел и Енка.

Одговара и дали во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ некој би поддржал уставни измени, дали поранешниот лидер Никола Груевски има влијание во партијата, но и жестоко го критикува претседателот Стево Пендаровски.

  • Се работи за план 11 од договорот кој се однесува за број на работници и план за работа. Во истиот е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Согласно договорот, од вкупниот број работници 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите кои македонските граѓаните ќе ги дадат за изградба на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде јасно може да се види дека 70 осто ќе бидат странци, вели Николоски.

Според него уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија треба да добие работна дозвола и дозвола за престој.

„Само за работниците на автопатите на Бехтел и Енка ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А, тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што можно е да влезе некој кој има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и после шест месеци барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите“, вели Николовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе