Иако се најавуваше брза одлука за промена на коефициентите за да се избегне енормното зголемување на функционерските плати и до 78 проценти, Премиерот денеска ретерираше и најави дека решението ќе се бара со новиот закон за плати во јавниот сектор, а кога тој ќе се донесе бидејки се уште е во нацрт фаза за сега никој не може да прогнозира.
Кога ќе биде однесен законот и колку плати ќе земат функционерите премиерот точно не кажа. Вели не си ги покачиле сами платите, туку тоа е резултат на одлука на Уставен суд која не сакаше да ја коемнтира.
Ковачевски тврди дека Владата пред Уставниот суд го бранела ставот дека основицата по која се пресметуваат платите на функционерите треба да остане замрзната и дала негативно мислење но не сака да ја коментира поинаквата одлука на Уставен.
Синдикатите најавија дека ако владата не се повлече, ќе има генерален штрајк, а во преговорите за законот за плати во јавен сектор ќе бараат за административците да важи просечната плата како и за функционерите а не минималната како што сега се предлага.
Од УПОЗ прашуваат и од каде владата ќе најде пари за високите плати на функционерите и се сомневаат дека тоа ќе биде на грб на работниците.
Претседателот на државата Пендаровски повтори дека очекува владата да направи се што треба за да се вратат функционерските плати на претходното ниво.
Телма пресмета дека претседателот на Собранието, на Владата и на државата би добивале плата од околу 2.258 евра.
Новата министерска плата или платата на претседател на врховен суд или на државниот јавен обвинител би била околу 1.859 ЕУР. Додека пак платата на функционер со најмал коефициент од 2.2 би изнесувала околу 620 евра.
Претседател на Уставен суд , потпретседател на Собрание и потпретседател на влада би земале 2009 евра плата во групата со коефициент од 3,4 односно 1.710 евра ќе земаат заменици министри, Судија на Врховен Суд, претседател на апелационен суд и виш јавен обвинител.
Коефициент 3,20 или 1.610 евра следуваат за реководни работници во Собранието, апелационен судија, претседател на основен суд и шеф на јавно обвинителство.
Со коефициент 2,80 се најголем број од судиите и обвинителите кои би земале плата од 1.410 евра, а градоначалниците ќе земаат од 1.360 до 1.860 евра плата.
Елена Ивановска Мукоска
