Вести Македонија Најважни

Пратениците веќе земаа поголема плата по одлуката на Уставниот суд – за осум дена 16 000 денари повеќе или зголемување од 78 проценти

Сложни браќа, консензус за плати градат. Иако се караат за се и сешто, за многу прашања очи не сакаат да си видат, се чини дека меѓу државните функционери, без оглед на партиската боја има консензус кога станува збор или за партиските пари или како во овој случај – за енормното зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд за укинување на замрзнатата основица.

Пратениците веќе за само осум дена од минатиот месец на своите сметки добиле во просек по 16 000 денари плус, а ако нешто не се смени нивната плата  во иднина би била околу 1750 евра, а на министрите пак околу 1850 евра.

Подетално за ова вечера во Топ Тема, Боби Христов ќе разговара со претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски.

(видео)Анализа на Топ Тема – Колку високи плати ќе земаат највисоките државни функционери?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе