Вести Македонија Најважни

Србија ќе се приклучи кон интерконекторот Северна Македонија – Грција

Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека економските и политичките односи меѓу Србија и Северна Македонија се подобруваат, а за тоа придонела иницијативата „Отворен Балкан“. Таа по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, изјави и дека голем дел од разговорот бил посветен на оваа иницијатива и на конкретни проекти во рамките на Отворен Балкан. 

 

Брнабиќ посочи дека годинава двете земји ќе ја надминат меѓусебната трговска размена од 1,5 милијарди евра и дека се приближуваат до трговска размена од две милијарди евра.

  • Минатата година размената достигна 1,482 милијарди евра и е за 28 отсто повисока од 2021 година, рече Брнабиќ.

Според неа извозот на Србија во Северна Македонија се зголемил за 16 отсто во 2022 година, додека извозот на Северна Македонија во Србија значително се зголемил.

  • Тоа некако се балансира и одлично е и за вас и за нас. Србија е четврти трговски партнер на Северна Македонија по Германија, Велика Британија и Грција, рече Брнабиќ.

Таа на прес конференцијата додаде дека на денешната средба се разговарало и за тоа како дополнително да се подобри трговската размена и меѓусебната размена на земјоделски прехранбени производи, кои сега сочинуваат повеќе од 40 отсто од размената меѓу двете земји.

  • Разговаравме и практично веќе е договорено дека гасоводот кој ќе се гради од Грција кон Северна Македонија на него ќе се приклучи и Србија. Ние во текот на минатата недела, со Министерството за економија, со компаниите од нашата држава задолжени за енергетика веќе одлучивме дека капацитетот на тој гасовод ќе биде на максимално ниво со оглед на тоа дека сакаме да обезбедиме капацитет Србија веднаш да може со интерконектор да се поврзе на овој значаен гасовод, истакна премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со премиерката Ана Брнабиќ во Белград. 

Како што кажа премиерот, со тоа ќе се обезбеди уште еден извор за снабдување со гас за Србија.

  • Тоа значи пристап до гасот кој ќе од ЛНГ терминалите во Витуза и Александрополи како и до постојните гасоводи ТАБ и ТАН, рече Ковачевски.

Дополнително на тоа со оглед на тоа дека нашата држава со овој гасовод и со постојниот кој веќе го поврзавме од Жидилово до Битола, и третиот кој веќе се преговара со нашите стратешки партнери и со соседна Бугарија а тоа е гасоводот Петрич – Струмица, практично ќе значи, нагласи тој, дека кај Неготино ќе има три интерконектори. 

  • Раскрсница на три гасоводи што дава можност за изградба на енергетски капацитет којшто според мене и според претседателот на Србија треба да биде регионален проект кој ќе обезбедува производство на електрична енергија за регионот и кој ќе биде заедничко вложување на земјите од регионот. На таков начин прво ќе обезбедиме енергетска стабилност и независност на компаниите и нашите граѓани, рече Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе