Селфи фотографиите станаа исклучително популарен начин на фотографирање на одмор и разноразни настани. Неколку популарни туристички места во Европа и САД, сепак, поставија правила за спречување на посетителите да снимаат селфи кои, најчесто, се однесуваат на нивната сигурност.
Порталот ParrotPrint.com издвоија седум локации во светот на кои селфи е строго забрането, а некаде дури и казниво.
Селфи со „големи мачки“ во Њујорк
Без разлика дали сте во Зоолошка градина, во циркус или на карневал, во Њујорк е забрането селфи со било која „голема мачка“. Законот, кој е донесен во 2014 година, ја ограничува интеракцијата меѓу луѓето и животните, како тигри, лавови или други „големи мачки“ за спречување на повреди или смрт.
Селфи со кралски накит во Лондон
Во Куќата на накит во Тауер во Лондон посетителите можат да видат скапоцен накит на Круната во чија близина се вооружени стражари. Но, тие се само за гледање, бидејќи сликањето во Куќата на накитот не е дозволено.
Фотографирањето, односно снимањето селфи, се смета за сигурносен ризик и затоа е целосно забрането.
Селфи на плажата Ла Гаруп во Франција
На плажата Ла Гаруп во Антиб во Франција од 2014 година важи забрана за посетителите да сликаат селфи во текот на летната сезона. Законот е воведен за да спречи луѓето да се фалат со своите одмори. Дури има и „специјална спам полиција“ која внимава на посетителите.
Селфи во Мека во Саудиска Арабија
Откако неколку луѓе снимија и објавија селфи на интернет, саудиските власти забранија фотографирање на две свети локации. Фотографирање е забрането во Светата џамија во Мека и во џамијата на Пророкот во Медина.
Селфи на трката со бикови во Шпанија
Селфи е забрането и на годишниот настан во Памплона во Шпанија и тоа со добра причина. Со цел луѓето да не се изложуваат на опасност поради селфи, на учесниците во трката со бикови им е забрането да држат уреди за снимање, а на сите им е забрането фотографирање. Правилата се толку строги, па оние за кои ќе се утврди дека ги прекршиле, може да бидат исфрлени од трката, задржани, уапсени или д асе сооќат со парична казна од над 3.400 евра.
Селфи на железнички станици во Јапонија
Компанијата „Вест Џапен Раилвеј“ забранува сликање со селфи стап. Законот е воведен во 2015 година, со цел посетителите да се заштитат од удирање во жици над главите што би можело да предизвика струен удар, но и да се заштитат луѓето да паднат на шините додека се внесени во снимањето.
Селфи со мечки во Калифорнија
Интеракција со диви животни за снимање на селфи е прилично глупава причина за изложување на опасност, но менаџментот на езерото Тахое беше принудено и официјално да забрани на луѓето да прават селфи со мечки.