Терасата со поглед на Охридското Езеро и прес-центарот во хотелот Инекс Горица цел ден се исполнети со десетици новинари кои го следат состанокот на Дијалогот Белград-Приштина под покровителство на ЕУ.
Додека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се на жешката преговарачка клупа пред претставниците на ЕУ и САД (Борел, Лајчак и Ескобар) во вилата Билјана, новинарите кои се во блискиот хотел постојано известуваат за настанот во Охрид кој е под медиумски интерес во цела Европа.
На фотографијата се гледаат екипити на српската ТВ Пинк и на косовската Коха Визион КТВ кои истовремено известуваат и преку линк се јавуваат во живо на телевизиските канали чии седишта се во Белград и Приштина.
Едната новинарка известува на српски јазик, додека втората на албански јазик. За средбата во Охрид има огромен медиумски интерес. Акредитирани се над 230 медиумски работници (новинари, сниматели фото-репортери, технчки медиумски персонал) од повеќе од 100 медиуми од државата, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија, но и новинари на највлијателните светски новинарски агенции.