Вести Македонија Топ вести

„Огнените“ од ДУИ на средби со граѓани во Тетово и петиција за смена на вицепремиерот Артан Груби

„Огнената група“ на ДУИ започнува со онлајн петиција за разрешување на Артан Груби и на владини министри. Изет Меџити вели дека ќе ги искористат сите демократски средства за да се слушне гласот на народот, не потенцирајќи што понатаму со ваквата петиција. „Огнените“ вечерва остварија средба со жители на Тетово, што според Меџити покажува дека бројот на незадоволни е голем.

„Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите“, изјави изјава Изет Меџити, ДУИ.

Меџити вели дека веќе има притисоци врз членовите на партијата кои што не се истомисленици со Груби, поради што веќе добиле отказ неколку директори и функционери. Тој тврди и дека, останатите се во фаза на разрешување, а на тие кои самите не сакаат да си дадат отказ, а се дел од оваа група, постојано им се вршат притисоци и преку вонредни инспекциски контроли.

„Контрадикторен е бидејќи во театарот во Скопје даде рака за помирување, а истата вечер разреши 5-6 функционери коишто различно размислуваат и не враќа во комунизам во политичкото диференцирање, кое што уште постарите генерации го паметат тоа, значи сите кои што не размислуваат како Груби ќе сносат последици и ќе бидат разрешени, додава Меџити

За кампањата на ДУИ со слоганот „Тој доаѓа“, Меџити вели дека е резултат на паниката, затоа што нивните митинзи се многу посетени, па на тој начин сакаат да ја сензибилизираат јавноста и додава дека со кампањата Груби си поигрува со авторитетот на претседателот на партијата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе