Вести Македонија

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Обвинение против 58 годишен државјанин на Македонија поднесе хрватското Обвинителството. Тој е  обвинет дека лажно претставувајќи се како лекар, измамил шест лица за вкупен износ од 41.400 евра. Ова е продолжение на случајот што го објави државното обвинителство на 24 април оваа година, пренесува Индекс.хр.

Според обвинението, лицето ги извршило кривичните дела во текот на јуни и јули 2025 година во Загреб, дејствувајќи заедно со непознати лица.

Тој е обвинет дека им се јавувал на  жртвите по телефон се претставувал како лекар и им кажувал дека членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи па  им барал пари наводно за да се плата трошоците за лекување.

Откако жртвите се согласувале, обвинетиот или неговите помагачи ги земале парите. На овој начин се измамени шест лица, а вкупната материјална штета изнесува 41.400 евра.

Мажот е обвинет за кривични дела измама.

Државното обвинителство, исто така, му предложи на судот продолжување на притворот за обвинетиот. Како причини го наведуваат постоењето на ризик од бегство и ризикот од повторување на кривичното дело.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Неколкумина загинати во пожар во зграда во центарот на Брисел

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе