Откако денеска поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски доби ослободителна пресуда за предметот Талир 2, а судијката Даниела Алексовска Стојановска ја одби и конфискацијата на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Од опозициската СДСМ со реакција дека пресудата е резулатат на судството под контрола на Мицкоски и дека актуелниот премиер го спасува Груевски.
–Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Правда нема! Порачуваат од опозициската партија.
Од таму додаваат дека Груевски е осуден криминалец кој не ја издржува казната во Идризово. А Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени што според СДСМ е намерно.
Реагираа од владејачката партија од каде велат дека Паднал монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!
–Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
