Неколку лица се стравува дека загинале во пожар во зграда во изградба во Брисел денеска , додека шест лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.
Пожарот избувнал во кулата Окси, која се наоѓа во центарот на градот, а причината за неговото избувнување сè уште не е позната.
Иако пожарот бил брзо изгаснат, кога пожарникарите влегле во зградата, откриле дека огнот се проширил кон шахтите на лифтовите, каде што два лифта биле заглавени.
Тие успеале да го отворат едниот лифт и пронашле „неколку жртви – сè уште не знаеме точно колку“, изјави Брехт Спејбрук, портпарол на Обвинителството во Брисел.
„Можно е тоа да се шесте исчезнати лица, но можно е да има и повеќе луѓе во другиот лифт или на друго место во зградата“, додаде тој.
Локалните медиуми јавија дека две лица веќе биле пренесени во болница со тешки изгореници, додека еден пожарникар добил медицинска помош на местото на настанот поради изложеност на високи температури.
Кулата Окси сè уште е во изградба, а по нејзиното завршување, во објектот ќе има станови, хотел, ресторани и барови.
Таа се наоѓа на околу 500 метри од Големиот плоштад, централниот плоштад во Брисел.
