Uncategorized

Нема контаминација во ДНК на судијата Ѓоко Ристов, сведочеше вештак од МВР

Нема контаминација во трагите на ДНК на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра и соѕидани во куќа на неговите родители во Неготино. Ова на денешното рочиште го сведочеше вештакот од МВР кој ги пронашол отпечатоците на Ристов на дадените алуминиумски фолии за вештачење.

„Немаме контаминација во трагите, туку добиениот ДНК профил потекнува од лицето кое ни е доставено за ДНК анализа во случајот Ѓоко Ристов“, рече Ана Лалевска, вештак во МВР.

За обвинителката Искра Хаџи Василева тоа било јасно од самиот почеток на судењето, иако одбраната го спори овој доказ.

Одбраната на Ристов повтори дека алуминиумските фолии не се чувани и обработени согласно процедурите.

Се изведуваа и комуникации на обвинети лица во други предмети со кои обвинителството сакаше да покаже дека, иако нема докази дека обвинетиот Ристов примал мито, имал таква намера. Особено беше интересен снимениот разговор преку ПИ-мерки на Александар Велјановски од Неготино со Ристов кој го прашува дали земал мито. Ова е по апсењето на Фехми Стафа кој е осуден дека примил мито од 50.000 евра да посредува кај апелационен судија за притворот на Љупчо Пецов Ѓаволот, осомничен во случајот „Синџир“.  Ристов негира и коментира дека и милиони за Љупчо Пецов Ѓаволот да нудат не пие вода тоа, не бива.

Обвинителката Хаџи Василева смета дека тоа е поради фактот што Ристов веќе знаел дека е под истрага.

За обраната, пак, разговорот ја покажал невиноста на Ристов.

Ристов се гони за прикривање на имот и перење на пари. Нареднот рочиште е закажано за 1 септември.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткани еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе