Вести Магазин Македонија

Две години по ред во Македонија паѓа очекуваниот животен век, сега е на ниво од 2005-та. Светот бележи исти резултати

Доколку сте родени 2021-ва или сте живееле во Македонија во таа година, вашиот очекуван животен век (life expectancy) изнесува 73,8 години. Според податоците на Обединетите Нации, очекуваниот животен век во Македонија за две години паднал за 4 и пол години.

Очекуван животен век во Македонија (според ООН):

2019. г.-77,3 години

2020. г.-75,2 годинi

2021. г.-73,8 години

Во Македонија последен пат се намалил очекуваниот животен век во 2012-та година. Минимално од 75,2 на 75,1 година. Оттогаш расте, а максималниот очекуван животен век е достигнат во 2018-та и 2019-та година.

Оттогаш паѓа, не само во Македонија туку и на глобално ниво. За првпат по големата глад во Кина во 1959-та, пост-корона човештвото преживуваа двогодишен пад на оваа категорија.

Очекуваниот животен век (life expectancy) значи прогрес на општеството кој отсликува подобрување на животните услови, на пристапот до храна, вода и ефикасна медицина. По дефиниција, очекуваниот животен век (life expectancy), пак е број на години кои се оечкувани за живот на еден човек.

Актуелниот пад го дава првиот одговор зошто, се случува во периодот кога се случи огромната пандемија на корона вирусот.

Новинарот Нејт Беар на својот сајт анализира дека медицината останува голем предизвик и за блиската иднина бидејќи се можни нови болести за кои човештвото односно биолошките тела на луѓето не се подготвени. Голем ризик се и престојните еколошки и климатски кризи.

Како втора главна причина за ваков пад на светско ниво е и неразмерната подела на парите од кои зависи животниот стандард.

-Зголемувањето на смртноста има директна економска врска. Кога богатите стануваат побогати,  сиромашните умираат порано. И кога владите трошат повеќе за поддршка на сиромашните, тие живеат подолго. Пандемијата ни го покажа тоа, констатира Беар во својата анализа според која владиното непомагање во пандемијата сигурно ќе предизвикало уште поголем пад.

Како најдолговечни земји во моментот според последните статистики на ООН се микро-државите Монако (85,9 години очекуван животен век), Хонг Конг (85,5 години), Макао (85,4 години). По нив следуваат Јапонија (84,8 г.), Австралија (84,5 години) и Швајцарија (84 години). За сите нив важи констатацијата дека или растот во оваа статистичка категорија е запрен две години по ред или паѓа како и глобалниот просек.

САД во оваа категорија има просек од 77,2 години очекуван животен век за 2021-ва година со исто така корона пад од две години. Русија и Украина имаат 69,4 години и 71,6 години очекуван животен век, но тоа се прогнозите пред да почнe војната која однесе илјадници животи во Украина.

Очекуван животен век (life expectancy) се мери од од 1950-та година, а нареднaта 1951-ва година за Македонија (тогаш Народна Република Македонија) жителите на нашата татковина, според ООН, имале очекуван животен век од само 46,5 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе