Останато Спорт

Дуплантис повторно ги помести границите во скок со стап

Швеѓанецот Арманд Дуплантис продолжува со поместување на границите во скок со стап. Тој на митингот во Клермон-Феран прескокна 6 метри и 22 сантиметри и за еден сантиметар го подобри сопствениот светски рекорд поставен минатото лето на Светското првенство во Јуџин.

“Кога имате вакви моменти, кога енергијата е на високо ниво се чувствувате како да лебдите. Ми се чини дека моето тело воопшто не слета на душекот. Чест ми е што настапив на овој митинг што го организира Рено Лавилени, кој ми беше идол на почетокот од кариерата”, изјави Дуплантис по поставувањето на новиот рекорд.

Ова е шести пат Дуплантис да постави најдобар резултат на сите времиња и секогаш го надминува за еден сантиметар.

Прв пат Дуплантис светски рекорд постави пред три години кога во полскиот град Торун прескокна 6 метри и 17 сантиметри и тогаш го надмина постигнувањето токму на Лавилени.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе