Вести Македонија Најважни

Обвинителство оформи предмет по интервјуто на Павловиќ-Латас со јутјуберот Лазаров

По интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, до Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР.

Оттаму посочуваат дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.

Во исто време, и МВР информира дека поднело известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб канал.

– Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, се наведува во соопштението на МВР.

Предметот е отворен за кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал
по пат на компјутерски систем“ по Член 394-г од Кривичниот законик.

Во интервјуто, кое од вчера интензивно се споделува на социјалните мрежи, Павловиќ-Латас раскажува како на 15-годишна возраст тој и неколку негови другари злоставувале девојка.

Подкастот кој стана злостор, одбраната за вината која почна со Сорос, смеата која го уби(ва) доброто

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе