Останато Спорт

Слаломското злато за Кристоферсен, Добрески го освои 53. место

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен го освои златниот медал во слалом на Светското првенство во алпско скијање што се одржа во Куршевел.

Тој во двете возења имаше за 20 стотинки подобро вкупно време од Гркот, Еј Џеј Гинис и по втор пат во кариерата се закити со најсјајното одличје.

За Кристоферсен ова е прв златен трофеј во слалом, а претходно беше најдобар во велеслалом на шампионатот во Аре пред четири години.

Дваесет и осум годишниот Гинис кој е роден во Атина, а живее во САД и од пред две години настапува за Грција го забележа најголемиот успех во кариерата откако пред три недели беше втор и во Шамони во трка од Светскиот куп.

Гинис на Грција и го донесе првиот медал во историјата на Светските шампионати во алпско скијање.

Бронзениот медал му припадна на Алекс Винацер од Италија додека водечкиот по првата трка Марко Шварц заврши дури на шестото место.

Во денешниот слалом настапи и македонскиот репрезентативец Јаков Добрески кој успеа да ги комплетира двете трки и на крајот го освои последното 53-то место со 22 секунди и шест стотинки заостанување зад победникот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе