Волково денеска ја доби првата детска градинка. Со изградбата на „Сонце“ е решен повеќедецениски проблем за граѓаните од тој дел на главниот град и околните населени места, а за најмладите се обезбедува пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој.
Градинката во Волково е изградена во кружна форма и според современи стандарди. Има капацитет за згрижување на 150 деца. Во нејзината изградба и опремување се вложени близу 103 милиони денари.
„Сонце“ во Волково е деветта од вкупно 16 градинки кои се предвидени со „Компонента 2“ од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка.