Вести Македонија Топ вести

Искрешни стаклата на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград

Како што македонската полиција беше брза и за само еден ден ги откри напаѓачите на Пендиков во Охрид, така и очекувам и бугарската полиција да го реши и случајот со нападот и каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, вели за Телма претседателот на клубот, Атанас Мазнев по синоќешниот случај. За среќа во клубот немало никој, а каменувањето од засега непознати сторители се случило доцна синоќа. Неодамна над клубот биле поставени и камери, па од ОМО Илинден Пирин се надеваат дека тоа било за безбедност, а не какошто велат  само да се следи кој доаѓа.

Искрено се надевам дека извршителите ќе бидат откриени, бидејќи ако го погленеме случајот со младото момче кое беше претепано во Охрид, може да се надеваме дека бугарската полиција може на истиот начин да се справи со откривањето на извршителите на овие напади врз нашиот клуб, ни изјави мазнев.

Организацијата за заштита на основните човечки права   во чиешто член беше и претседателот на Никола Вапцаров е загснато по конечната одлука на бугарскиот Врховен суд, а  клубот продолжи да си функционира бидејќи немаше врска со ова организација. Но, Мазнев за Телма вели дека почнале постапка за ново здружение, кое ќе се нарекува Македонски културен клуб.

Се надеваме дека тоа здружение ќе биде регистрирано и ќе можеме да имаме нормална егзистенција. И покај тоа, од отварањето на клубот на 30 октомври 2022 година, ние спроведуваме секојдневно функционирање на клубот, ни рече Мазнев.

Мазнев вели дека во Бугарија за време на избори многу  се експлотира темата за Македонија и за македонското малцинство, очекува и  во овој  предизборниот период исто да се случи. Што се однесува за најавите за отварање на македонски клубови во  Бугарија, во градовите Петрич, Гоце Делчев и Сандански, Мазнев посочува дека според неговите информации се уште не се реализирани.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе