Останато Спорт

Се бараат доброволци за тестирање на спортистите за ЛОИ 2024

Меѓународната агенција за тестирање (ИТА), тело кое е задолжено за спроведување на допинг контролите на Олимписките и Параолимписките игри објави оглас во кој се бараат кандидати за обука што ќе се одржи во текот на април оваа година што е дел од подготовките за активностите за време на Игрите во Париз што ќе се одржат во 2024 година.

Од Олимпијадата во Токио, ИТА која е со седиште во Лозана е задолжена за водење на антидопинг програмата на Интернационалниот олимписки комитет.

Со оглед на фактот дека на Игрите во Париз ќе се извршат преку 6.000 тестирања на Агенцијата и се потребни околу 300 луѓе кои ќе бидат на борилиштата и ќе земаат примероци од учесниците на натпреварувањата.

Сите оние кои ќе ја минат обуката со работа ќе почнат од 2024 година кога треба да се почне со тестирањето на спортистите кои имаат обезбедено норма за настап, а како еден од главните услови е добро познавање на францускиот јазик и основа за англиски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе