По долготрајни преговори конечно е познат датумот и локацијата на одржување на еден од најголемите дуели во историјата на професионалниот бокс.
Тајсон Фјури и Александар Усик ќе соочат на 29 април во Саудиска Арабија во меч во кој двајцата боксери ќе се борат за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.
И покрај фактот што најави дека дефинитивно се повлекува од професионалниот ринг, Тајсон Фјури реши повторно да боксува и сопственикот на титулите во WBA, IBF, WBO и IBO кон крајот на април ќе се соочи со Усик кој во моментов е сопственик на појасот во верзијата на Светскиот боксерски совет (WBC).
Фјури во досегашниот тек од кариерата има 33 победи и само еден нерешен резултат додека неговиот противник Усик на 20 настапи има исто толку триумфи од кои 12 со нокаут.
