Вести Македонија

Првпат во историјата штрајк на вработените во МАНУ – академиците и научните соработници нема да учествуваат

Плати блиски до државниот минимум и магистри со приходи од 400 евра месечно. Синдикалците од МАНУ најавуваат штрајк за 9 февруари.

Станува збор за незадоволните вработени во Секретаријатот и стручните единици.

Одлуката се крчка подолго време, откако ниту повеќемесечните преговори за зголемување на платите не дале никаков резултат.

„Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ, вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк“ известија од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата се грижи само за академиците, а ги запоставува другите вработени – вака критикуваат од синдикалната организација.

Додека државниот просек брои нешто над 33 илјади денари просечна нето-плата во земјава, 22.500 денари е просекот во засегнтите служби во МАНУ.

„Револтот на вработените во Секретаријатот и стручните служби на МАНУ е уште поголем ако се земе предвид огромната разлика во нивните плати споредено со платите на академиците. И кога пред извесно време академиците добиле зголемување на приходите, немало ништо и за другите служби на МАНУ.“

Телма се обиде да добие став и од претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, за новонастанатата состојба во институцијата – но, одговор не добивме.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе