Вести Македонија Тест избори

„Да“ за Алијанса, но со почитување на Бадинтер

Дождот не ја расипа атмосферата на синоќешната вечера во Клубот на пратениците. „Во пријатна атмосфера“, како што ја нарече премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи, разговарајќи за сите активности на Владата, тој од сите доби начелна поддршка за проширување на владината коалиција.

Претседателот на НСДП Горан Мисовски потврдува дека, иако се слушнале и некои забелешки, сите присутни поддржале преговори за влез на Алијанса за Албанците во Владата. Тој смета дека „сите кои се за Европска Македонија, треба да бидат дел од Владата“.

Поддршката од ЛДП не е безусловна. Претседателката на партијата, Моника Зајкова, сака да знае какви ќе бидат програмските цели и за што ќе се залага таквата коалиција.

И Демократскиот сојуз не е против Алијанса да им се придружи, но ќе гласа против реконструкција на Владата доколку со тоа се измести Бадинтеровиот принцип. Бара да се почитува правичната застапеност на сите заедници.

Алтернатива е недвосмислено против. Минатата година со тогашните четворица пратеници, издејствува три министерски места и повеќе директорски. Сега се заканува со напуштање на коалицијата и ја обвинува Алијанса дека се обидува да ја спаси ДУИ, затскривајќи се зад европски интеграции и борба против корупцијата. Идејата за натамошно опозициско дејствување ја засилуваат и информациите дека имале средба со „огнените незадоволници“ од ДУИ. Но тие немаат намера да заминат ниту од ДУИ ниту од власт.

Алијанса полека чекори кон Влада. Работната група која од претседателството ќе добие мандат да преговара со премиерот Ковачевски, ќе биде формирана дури во петок. Во неделата, претседателот Арбен Таравари најави дека во наредните две недели ќе се знае како ќе функционира партијата и нејзните 8 пратеници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе