Вести Македонија Најважни

Владата очекува дека цените ќе бидат намалени како што беше договорено – за најмалку 10 проценти

Кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, исто така, кај одредени млекарници има намалување на цените на млекото и треба да се има предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во наредниот период очекува дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производи од пекарската, млекарската и од месната индустрија кое што намалување, како што рече, очекуваме да биде како што беше договорено од најмалку десет проценти.  

Во обраќање на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, Ковачевски се осврна на мерките и одлуките на Владата за ублажување на кризата и високата инфлација и истакна дека грижата на Владата и политиките за помош на граѓаните и стопанството продолжува и следната година. Тоа, како што посочи, преточено во новиот Буџетот за 2023 година, а кој треба да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, за да понатаму се постигнат и посакуваните стапки на раст од пет проценти на БДП.  

„За антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра. Кризата сè уште трае. Ја менува формата и динамиката, поставува нови неизвесности и предизвици. И оваа година фокусот на Владата е да обезбеди услови на раст на инвестициите. Наша цел се домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот, да се зголемува извозот, да се намалува невработеноста, паралелно да растат платите и да се подобрува животниот стандард. Нашето членство во НАТО обезбедува сигурност на инвестициите, дополнително стартот на пристапните преговори  во ЕУ ќе ја зголеми стабилноста , ќе се отворат нови пазари, а сето тоа значи и нови можности за компаниите“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека голем број од мерките кои се реализираат се практично барања на коморите и оти  Владата одговорно и навремено интервенирале со мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, како и дека редовно ги сервисира обврските и кон стопанството и кон граѓаните.

„Само во 2022 година двата пакета антикризни мерки беа вредност од 760 милиони евра, најголем пакет државна поддршка во регионот“, рече Ковачевски и посочи дека лани стопанството добило поврат на ДДВ во износ од 727 милиони евра, а динамиката во тој процес ќе продолжи и во иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе