Вести Македонија Најважни

Спасовски: Ако МВР ги добие доказите за вмешаност на полицајци и државни функционери во шверц на канабис, одговорност ќе има

Сите докази за евентуална вмешаноста на државни и полициски функционери во шверц на дрога и саботирање на меѓународни полициски акции треба да се достават во МВР и одговорност ќе има, порача министерот Оливер Спасовски по последниот прилог на албанската телевизја „Ора“ во кој е наведено дека Трајче Заев, могул во бизнисот со канабис во Македонија со кодирани пораки се обидувал да спречи објавување на аудио разговори со имиња на овие функционери.

Според информациите на „Телма“ станува збор за пресметка меѓу албански бизнисмен и заменик министерот Назим Буши чија допирна точка е фабирката за производството на медицински канабис „Фајв Летерс“ каде тој бил неофицијален партнер со Буши Јуниор. Пресметката е поради внукот на албанскиот бизнисмен кој е уапсен во декември 2020 година и осуден токму поради кражбата на 60 килограми канабис од фабриката „Фајв Летерс“ во која беа најдени уште неколку стотини килограми непријавен канабис кој требаше да заврши на црниот пазар. Во „Фајв Летерс“ се случи уште една кражба, исчезнаа околу 70 литри масло од хашиш вредно неколку милиони евра.

Во последните две години МВР на црниот пазар и улиците се почество запленува канабис кој потекнува од фабриките за производство на медицински канабис.  Надзорот и контролата над овие компании за кои е задолжен Малмед и министрерството за здравство  мора да биде засилен и зачестен а на компаиите фатени во криминал мора веднаш да им се одземат лиценците

Од МВР нема потврда дека акција во која учествувала странска безбедносна служба била саботирана.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе