Вести Најважни Свет

Шоле во Белград, француско-германскиот план за Косово една од темите на разговорите со српските власти

Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ќе ја продолжи својата посета на Западниот Балкан денеска со разговори во Белград со највисоките претставници на српските власти.

Според најавите Шоле најпрвин на работен ручек ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ а потоа ќе има одвоени средби и со премиерката Ана Брнабиќ и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

Една од темите на разговорите кои ќе ги води високиот американски дипломат ќе биде продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, вклучувајќи го и француско-германскиот план за Косово, кој беше усвоен од Европската Унија.

Турнејата на Шоле на Западниот Балкан започна со посета на Скопје а продолжи во Приштина, каде имаше одвоени средби со премиерот и претседателката на Косово, Албин Курти и Вјоса Османи, како и со претставниците на опозицијата и Српската листа.

Шоле, кој патува заедно со специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, по разговорите во Приштина, на брифингот со косовските медиуми, оценил дека гледа „силна волја“ на косовската влада да го интензивира дијалогот, повторувајќи го ставот дека конечниот договор треба да доведе до „меѓусебно признавање на Косово и Србија“.

Тој подвлекол и дека формирањето на заедницата на српските општини на Косово е „итно прашање“, но и дека САД не подржуваат „создавање на Република Српска на Косово“ и дека при нејзиното формирање „треба да се почитуваат Уставот и законите на Косово“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе