Вести Македонија Најважни

Албанска Ора Њуз: Функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции

Албанската телевизија „Орањуз“ синоќа објави сторија во којшто тврди дека лице кое ќе биде заштитено од правдата поседува неколку аудио снимки кои покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да ја направат неуспешна операцијата за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции.

„Лице кое во моментов јавно не го кажува својот идентитет, бидејќи очекува да добие заштита од правдата, има неколку аудио снимки на кои се слушаат функционери од највисоките нивоа во Северна Македонија“, пишува во објавата на албанската телевизија.

„Во аудио снимките на мрежата за шверц на наркотици се наоѓаат имиња на високи функционери на коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на сините униформи… Од друга страна, има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери директно интервенирале за да се овозможи неуспех на операција преземена од странски агенции“, јаува Ора Њуз.

Според лицето кое ја поседува аудио-снимката поврзана со шверц на наркотици, јавува Ора Њуз, тоа најпрвин комуницирало со Трајче Заев, известувајќи го за ситуацијата. Од своја страна, Заев, откако ја преслушал аудио снимката, со шифрирана порака му одговорил на тој што го има аудиото: „Мислам дека (ова) би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“.

Дваесетина дена откако беше објавено дека заменикот министер за внатрешни работи Назим Буши спиел во апартман вреден 20.000 евра, ТВ Ора пред три дена го објави скандалот за вмешаноста на македонски високи претставници на власта во уште еден скандал.

Во април 2021-ва, во акција на американската служба за борба против дрога ДЕА во близина на Прилеп заплени 200 килограми дрога во вредност од 800 илјади евра, а ден потоа беа поднесени кривични пријави за шестмина, меѓу кои и шофер на Трајче Заев и полициски началник од Прилеп, близок на СДСМ.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе