Борбата со корупцијата останува во фокусот на официјален Вашингтон. Ова ќе биде една од темите што ќе ги отвори советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кој в среда доаѓа во Македонија.
Амбасадорката Агелер не кажа конкретно кои прашања ќе ги отвори Шоле, но тој доаѓа со посебна меѓуагенциска делегација. Предвивено е да се сретне со владини претставници, а прашањата за кои извести Стејт департментот се енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.
Министерот Бујар Османи вели дека борбата против корупцијата е дел и од стратешкиот дилајог меѓу Македонија и САД.
Освен ова, за Соединетите Држави е важно Македонија да напредува во евроинтеграциите. А, уставните измени се клучно прашање на тој пат.
Амбасадорката Агелер ги испрати пораките по работниот состанок со амбасадорите на земјите-членки и набљудувачи на САД и Јадранската Повелба, чие претседавање оваа година го презема Македонија.
Марија Дивитарова
