Вести Македонија Најважни

Што ќе биде на менито на вечерата во Тирана, Рама ќе ги угости Ахмети, Таравари, Гаши, Тачи, а можеби и Касами

Ќе вечераат во Тирана на почеток на годината за  важни одлуки за Македонија со премиерот на Албанија, Еди Рама. Дел од партиите на Албанците потврдуваат дека добиле покана и ќе одат, но не откриваат детали, кои тема ќе бидат на маса, на вечерата со алнскиот премиер.

-Се работи за празничен вечерен прием, коктел, а не за работен состанок со утврдена агенда. Да, поканети сме и ќе учествуваме, ни одговорија од ДУИ. 

-Така како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби и во овој случај ние ја потврдуваме поканата и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, е ставот на Алијансата за Албанците. 

И од Алтернатива ни потврдија дека ќе ја прифатат поканата, додека од БЕСА не ни одговорија, а за неколку веб медиуми, лидерот Касами изјавил дека размислуваат.

Можни „неоткриени“ теми- кризата во Косово и европските интеграции

Аналитичарот Сефер Селими вели дека од овој формат на средба не треба да се очекува многу, но сигурно ќе се разговара за регионалната состојба и евро-интеграциите.

-Мислам дека тоа повеќе ќе биде протоколарна средба и каде би се разговарало за општата состојба претежно во регионот. Треба да се има во предвид дека во тек е безбедносната криза на границата меѓу Косово и Србија. Гледаме дека таму никако да стивнат тензиите меѓу двете влади. Очекувам да се зборува и за евроинтеграцискиот пат и безусловната поддршка на албанските политички партии. За нивното конструктивно делување внатре во целиот овој процес, истакна Сефер Селими, политички аналитичар од „DEMOCRACY LAB“.

Во врска со толкувањата дека станува збор за можно мешање во внатрешни политички процеси во Македонија, Селими вели дека тоа се веќе анахрони застарени сфаќања при ситуација кога премиерот Рама е најголем подржувач на евро-интеграциите на двете држави.

-Албанските политички партии и премиерот Рама се покажале дека се конструктивни фактори во државата. Дали би било мешање во внатрешни работи ако се сретнат две партии социјалдемократски каква што средба имаше на партии Македонија и Албанија. Мислам дека се тоа обиди за кревање тензии во општеството. А познато е дека еден од најсилните поддржувачи на евроинтегративниот пат на нашата држава беше токму Еди Рама кој остро ги критикуваше и ЕУ и Бугарија за попречување на нашиот пат кон Унијата, истакнува Сефери. 

Веќе на стартот на 2023-та најавен е почетокот на дебатата за уставните измени кои се клуч за напредок на евро-интеграциите на Македонија, но опозиционата ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјасни дека е за предвремени избори, а не за отварање на Уставот кое е услов на Брисел.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе