Вести Македонија Најважни

Единствената војна што треба да ја водиме денес е против гревот и страстите, порача поглаварот на МПЦ-ОА – граѓаните обременети од животот во економска и енергетска криза бараат мир

Изворот на меѓучовечките судири, конфликти и војни , за кои слушаме постојано, е во алчноста и злите желби на човекот да го одземе и да го завладее туѓото. Затоа треба да водиме војна, но против гревот и страстите. Ова е пораката за мир во посланието по свечената божикна литургија што ја одржа архиепископот охридски и македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во Соборниот храм.Во негово име, посланието го читаше отец Сашко Николовски.

  • Да не заборавиме дека единствената војна што треба да ја водиме е војната против гревот и страстите.Само на тој начин ќе можеме да стекнеме вистински мир. Мир што го надвишува секој ум, мир што извира од миротворецот. На тој и таков мир, на Христовиот мир треба да се потпира сиот човеков духовен живот и односот на човекот кон бога. Имајќи само таков мир, ќе можеме да бидеме во мир и со бога и со ближните.

Во овие времиња- невремиња да се покажеме достојни следбеници на Христа, како мирољупци, миротворци, богољупци и човекољупци, порачува г.г. Стефан преку словото на отец Николовски, до верниците. И тие што денеска дојдоа на литургијата по повод празникот на Христовото раѓање- Божик, обременети од економската криза, во честитките и пораките, покрај другите пригодни желби, бараат мир во секојдневниот живот.

  • Воопшто од цени до живот, не растурија! Гледате дека нема мир. Не можеш телевизија да погледнеш саглам. Гледаш телевизија- сѐ темно.
  • Нека ни е честит празникот на сите и да си го поминеме!
  • – Сѐ најубаво! На сите мир, здравје, спокој, берикет!
  • Да има здравје, среќа, љубов оваа година! Помалку болести!, порачуваа граѓаните..

Покрај граѓаните, на божикната литургија во Соборниот храм присуствуваа: премиерот, министерот за внатрешни работи, поранешниот претседател Иванов со сопругата, лидерот на опозициската ВМРО- ДПМНЕ, градоначалничката Арсовска и други функционери.

Божик е празник на радоста, утехата и благодарноста. Според Јулијанскиот календар , празнувањето на Христовото раѓање започна денеска, а завршува задутре.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе