Вести Македонија Најважни

Поделени мислења околу добитниците на Мкарта

Поделени мислењата околу објавената листа со имиња на наши иселеници кои добија Мкарти од МНР, со што побргу ќе влегуваат и излегуваат од Македонија, користејќи ги брзите ленти на Меѓународниот аеродром – Скопје. Според новинарот и писател Ивица Челиковиќ, кој живее и работи во Гетеборг- Шведска, ова е тромав, невешт и политиканско – калкулирачки гест за подобрување на соработката со иселениците, како и многу други порано. Критериумите дека Мкарта може да добие наш иселеник кој со работата во странство постигнал голем успех, со што ја афирмира и Македонија, не држат, смета тој.

Вие можете да бидете на Каролинскиот Институт во Стокхолм најуспешен хирург. Тоа не значи дека вие ја промовирате токму Македонија. Вие ја промовирате науката со која се занимавате, а податокот дека сте родени и образувани во Македонија и иселени, апсолутно не се зема предвид како нешто најбитно во однос на вашите квалитети и успеси што ги постигнувате во работата, вели Челиковиќ.

Челиковиќ е незадоволен што Шведска како земја со една од најголемите македонски заедници во светот, каде живеат 15.000 до 20.000 наши иселеници, не е на листата, за разлика од Норвешка или Данска кои се застапени со 13, односно 8 добитници на Мкарта. Тој исто така забележува дека доделувањето на картите не е работа со која требало да се занимава МНР, туку министерот без ресор, задолжен за дијаспората и дека за заслужните иселеници преба да има други практични поволности, а не користење на брзите ленти на скопскиот и охридскиот аеродром.

Иако некои имиња од листата не заслужуваат да се најдат таму, иницијативата треба да се подржи зашто е за подобрување на имиџот на земјава, што го прават и други држави, вели поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.

Се настојува пред сѐ да се добие и во подобро поврзување на луѓето од дијаспората со матичната држава . Евентуално нивно искористување во смисла на подобрување на имиџот на државата и секако со одредени други интереси што можат да произлезат од разни економски, политички, социјални и културолошки цели, смета ружин.

Не е во ред што случајот е издигнат на ниво на дипломатски скандал, дополнува Ружин.

Меѓу 69 имиња на научни, културни, спортски работници, лекари, новинари и бизнисмени, кои се најдоа на листата, има две контроверзни. На Глигор Ташковиќ од САД – поранешен министер во владата на Груевски, беше дел од кабинетот на Заев, а беше опфатен и во истрага за измама за продажба на маски во Њујорк за време на корона кризата. И вториот е од САД- бизнисменот Ристо Гуштеров, кој се збогати преку трговија со метали, а потекнува од фирмата Техно Метал Вардар и не успеа да стане пратеник во 2011.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе