Според податоците утринава се измерени 173 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, и е 19,6 пати над дозволените граници, според мерните вредности на СЗО.

Вчера престанаа да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденост на воздухот во главниот град. Прекинува да важи и одлуката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје. Од Министерството за животна средина вчера рекоа дека тие само даваат препораки и им помагаат на општините во нивната борба со загадениот воздух.