Вести Македонија Најважни

БЕСА: Ако власта сака уставни измени, мора да даде предвремени избори

БЕСА нема да дадат поддршка за уставните измени ако нема предвремени избори. Формираа посебни оддели кои ќе детектираат слабости во институциите и актуелната власт и бараат да се седне на маса и да се направи консензус за клучните прашања.

Доколку власта нема слух за излезе во пресрет на нивните барања, се најавуваат порадикални мерки.

Касами е подготвен за соработка со останатите опозициски партии. Вчера и новиот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека, веќе од утре почнуваат со континуирана кампања, се` додека не се одржат следните избори. Кампањата ќе биде врата на врата за, како што рече, да ги отворат вратите на партијата и да доближат што повеќе луѓе, посебно интелектуалци кои им се потребни за успешно функционирање на партијата.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе со месеци се во континуирана кампања, иако премиерот упорно тврди дека нема да има предвремени избори.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе