Вести Македонија Најважни

Пендаровски: Државата да ги стави криминалците во затвори за да не ги исмеваат граѓаните од безбедна дистанца

Претседателот Стево Пендаровски кажа дека нема да има правда сè додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои стојат коруптивни мотиви, во редовното годишно обраќање пред пратениците во Собранието. Тој потсети на тезата дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор, но дека истото треба да важи и за луѓе од правосудството, за кои рече дека се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека се збогатиле со пари од народот.

„Државата или ќе ги стави криминалците во затвори од затворен тип или некои од нив и понатаму со пари украдени од народот ќе продолжат градат имиџ на чесни и доблесни граѓани и ќе ги исмеваат сите станати од безбедна дистанца. Не треба да има само апсења за јавноста, туку изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото. Но, истовремено да се почитува пресумпција на невиност, да не ги осудуваме луѓето во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд. Но, сите наши напори ќе паднат во вода ако правосудните органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено своите сè уште неродени деца и внуци. Нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, меѓутоа нема да има правда и сè додека на слобода се судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои верoјатно стојат коруптивни мотиви“, кажа Пендаровски.
Шефот на државата традиционално секоја година одржува говор пред пратениците пред крајот на календарската година во кое изнесува свои ставови во врска со актуелните случувања во земјата и светот. Говореше за корупцијата, уставните измени, францускиот предлог, ЕУ интеграциите…
Во делот од обраќањето за војната во Украина, претседателот кажа дека ние не ѝ помагаме на Украина затоа што сме членки на НАТО, туку затоа што малите држави мора да поддржуваат меѓународен поредок заснован на правила и принципи, додавајќи дека во свет кој се потпира врз аргументите на сила, нашите шанси за опстанок се еднакви на нула.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе