Вести Македонија Најважни

Претставници на бугарските клубови во Охрид и Битола сослушани во бугарската собраниска комисија- извештајот ќе биде доставен во Брисел

Претставници на бугарските клубови во Охрид и Битола од Северна Македонија биле сослушани во бугарската Собраниска Комисија за политики за Бугарите надвор од Бугарија, објави БНТ.

Tие се пожалиле на систематско кршење на правото на слободно изразување и етничко самоопределување на бугарските граѓани во Македонија и побарале сериозно следење и поактивна помош од Бугарија и нејзините европратеници во Брисел.

Претседателот на Парламентарната комисија во 48. Народно собрание Костадин Костадинов од „Преродба“ ги запознал со текстот на писмото што го подготви до вршителот на должност премиер на Бугарија Галаб Донев со детално објаснување за проблемите на Бугарите во Северна Македонија и со инсистирање на средба. Заменик-претседателот на Комисијата Елисавета Белобрадова од „Демократска Бугарија“ изјавила дека ќе се подготви детален извештај на оваа тема и ќе биде доставен до Европската унија. Белобрадова ги информирала своите колеги дека бугарските училишта во регионите на Украина окупирани од Русија се затворени.

Во исто време, вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков, кој беше сослушан во собраниската Комисија за надворешна политика, објавил дека е прекинато изучувањето на бугарскиот јазик на украинските територии окупирани од Русија. Тој посочил дека е јасно оти не е Украина таа која им забранува на тамошните бугарски заедници да го изучуваат својот јазик, туку руските окупациони власти.

Комитетот за надворешна политика на Бугарското Народно Собрание одобри нацрт-резолуција со која гладот ​​во Украина од 1932 до 1933 година се прогласува за геноцид, со што Бугарија се рангира меѓу земјите кои категорично ги осудуваат злосторствата на советскиот комунизам. Против одлуката гласаа пратениците на БСП и Преродба. Одлуката треба да се гласа во Народното Собрание на Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе