Вести Македонија Најважни

Тајните за Тврдина -таргет остануваат скриени во Апелациониот суд

Сто метри од еден до друг суд, но одлуката за поништување на првостепенеата пресуда за Тврдина таргет, се уште не е испратена од Апелација ниту е пристигната во Кривичниот суд.

Бидејќи јавноста остана ускратена за детали за судскта одлука која предизвика силни реакции во јавноста, во Апелациониот размислуваат и анализираат дали постои можност да се објави односно да се брифира јавноста.

Грешката е веќе направена, судот требало да информира веднаш бидејќи станува збор за случај за кој постои висок интерес во јавноста, а не 11 дена откако ја донеле одлуката, вели врховната судијка Мирјана Лазарова Трајковска за Телма во своето гостување на Топ Тема.

Според судијката Лазарова Трајковска постои уште еден проблем, а тоа е спорото одлучување кое води кон застарување на предметот Тврдина таргет со што граѓаните губат верба и се вознемирени од неказнетото масовно прекршување на човекови права кое се повторува во Македонија по трет пат.

Последната одлука со Тврдина и Таргет во која обвинет е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков дополнително ја поткопа довербата во судството, смета народниот правобранител.

Одлуката на Апелација нема да биде објавена, но отвори серија прашања од кои најважни се политичкото влијание и притисоци кои се препознаваат и во одлучувањето, но и во критиките на одлуката.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе