Тања Чачарова-Илиевска, Мирјана Радевска-Стевкова и Мери Радевска ќе бидат судиите од судски совет кои ќе одат во вонредна проверка во апелација. Одлуката 11 гласа за и еден член против дојде на предлог на претседателката на судски совет, Весна Дамева.
На увид на комисијата ќе бидат предметите, два во кои обвинет е Сашо Мијалков, „Таргет- Тврдина“, „Трезор“ кои се вратени во кривичниот суд, „Транспортер“ за обвиниението против екс градоначанчникот на Битола, Владимир Талевски и предметот „Алфа“.
Од 12 присутни членови на Судскиот совет, само еден се јави за збор.
Судијата Сашко Георгиев единствен крена рака и укажа дека треба да се испита зошто година дена се држел предметот „Таргет-тврдина“ во фиоките на Апелација, каде што Сашо Мијалков е осуден на 12 години затвор.
Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет, кој треба да го провери предметот, кажа дека тие сега нема да направат ништо што не е направено при редовните контроли врз работата на апелациониот суд.
Седницата продолжи со меѓусебна препирка откако актуелната претседателка ја прозва претходничката да објасни пред членовите какви притиосци трпела и дали ќе ги поткрепи наводите за судско-бизнис елитата која одлучувала во највисокото судско тело, наведени при нејзината оставка.
Судски не може да ја преиспитува одлуката на судечкиот совет во Апелација, но ќе се обиде да дојде до заклучоци за работата на советите во овие 4 предмети со оглед дека постапките траеле со месеци.
Во поход треба да тргнат веднаш, а во најскоро време да го презентираат извештајот.
Павле Беловски
