Вести Македонија Најважни

Трет месец лажни дојави за поставени бомби

По многубројните лажни пријави, дојава за бомба и на скопскиот Аеродром. Прекинати летови, заглавени патници. Ваква беше сликата денеска на Аеродромот во Скопје, откако утринава во 8 часот по електронски пат стигнала дојава за бомба. Граѓаните исплашени, евакуирани, чекале и по неколку часа полицските службеници да ги завршат проверките.

Два месеци не се доволни за властите во Македонија да дојдат до информации од каде доаѓаат заканите за бомби. Поставени лажни бомби во училишта, трговски центри, институции, хотели, спортски објекти се само дел од пријавите кои стигнале до МВР. И во хотелот „Александар Палас“ дојава за бомба. Евакуирани гости, вработени и политичари.

Дојавите за бомби според премиерот Ковачевски се хибридна војна. А МВР и МНР се во координација со НАТО и работат на случајот. Според првиот човек на МВР, ова е сеење страв и паника, а министерството успешно се справува со дојавите за бомби.

Македонија влезе во третиот месец на лажни дојави за поставени бомби , испратени по електронски пат. За сега само едно лице заработи кривична пријава. Вчера имаше најголем број на дојави за бомби. Над 50 училишта во земјава беа мета на закани.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Kristina Kuzmanovski

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе