Вести Македонија Најважни

Покрај десет скопски училишта, денеска дојави за бомби и во битолските училишта

Заканите за поставени бомби денеска за првпат пристигнаа и во Битола. Пет основни училишта преку електронската пошта добија дојави дека во училишните згради има експлозивни направи. Наставата веднаш е прекината, учениците и вработените се евакуирани. Родителите збунети и вознемирени, велат дека веќе нема да ги праќаат децата на училиште додека не се расчистат овие случаи.

-Малото дете е 4 одделение, дојде дома со плачење. Децата веќе не ги пуштаме на настава додека не се реши ова, вели родител.

 

-Не треба да им се кажува на децата дека има бомби. Наставничката треба мене да ми се јави и да ми каже дека има закани за бомби, а не детето со плачење ми доаѓа дома, вели друг родитле.

Од училиштата велат дека претходно со полицијата се подготвувале за ваков настан, се правдаат дека никој на учениците не им кажал за заканите, но тие веќе претпоставиле за што станува збор.

Денес во 10 часот на училишниот меил добивме дојава за бомба. Согласно планот за евакуација на училиштето и согласно насоките кои претходно ги имавме разработено со МВР пристапивме кон информирање на наставниците и учениците, а за кратко време училиштето го евакуиравме, учениците беа испратени дома, рече Роберт Филиповски, директор ОУ Ѓорѓи Сугарев Битола.

Училишните психолози предупредуваат дека и учениците, и вработените се вознемирени, и бараат да не се злоупотребуваат децата во вакви настани.

-Би сакала да апелирам да се прекине со овие страшни закани во училиштата бидејќи многу влијае врз емоционалниот развој на децата. Да се спречи оваа појава во училиштата и сите да се чувствуваме безбедни на работа и на училиште, вели Марија Ковачевска, психолог ОУ Ѓорѓи Сугарев Битола.

Полицијата ги обезбедува и не дозволува пристап до сите пет училишта кои добија закани за поставени бомби, полициски екипи за антитероризам вршат проверки.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе