Вести Македонија Најважни

Сопругот на Ева Каили се „скрши“ пред белгиските обвинители: Земавме мито од Катар

Сето ова го направив за пари кои не ми се потребни, се зборови на Франческо Џорџи, сопруг на грчката европратеничка Ева Каили и еден од четворицата уапсени во големиот корупциски скандал што ги истражуваат белгиските обвинители, со кои ја призна своја вмешаност во т.н. афера „Катаргејтс“.

Како што наведува италијанскиот весник „Ла Република“, Џорџи се „скршил“ пред обвинителите во Брисел и призна оти „незаконски постапил“ и се извини.

Меѓу новите детали во скандалот до кои дојде „Ла Република“ пишува дека Џорџи побарал неговата сопруга, која неодамна беше разрешена од функцијата во Европскиот парламент, да биде пуштена од притвор за да биде со нивната двегодишна ќерка.

Инаку белгиските обвинители со месеци работат во сомнение дека некоја од заливските држави се обидува да влијае на одлуките во Брисел. Извор кој е познат на истрагата тврди дека станува збор за земјата домаќин на актуелното Светско првенство во фудбал, односно Катар. Каили, пак, негира дека примала пари од Катар и од катарски официјални лица.

Џорџи на шефот на истрагата, белгискиот обвинител за борба против корупција, Мајкл Клес, му рекол дека е член на организација која е поврзана со Мароко и Катар со цел да влијае на нивните односи со Европа. Тој тврди дека организација е предводена од поранешниот италијански европратеник, Пјер Антонио Панцери. Џорџи во Европскиот парламент имаше улога на советник за Блискиот исток и Северна Африка и ја основал невладината организација „Фајт Импунити“ чија цел е „промоција на одговорност како централен столб на архитектурата на меѓународната правда“.

Џорџи засега останува во затвор, како и Панцери, но и уште двајца актуелни европратеници од групата на еврипски социјалисти – Белгиец Мајк Тарабела, чија дом го претресе полицијата, и Италијанецот Андреа Козолини. Тарабела ги негира сите обвинувања, додека Козолино одбил да одговори дали примал пари или подароци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе