Вести Македонија Најважни

Јовановски: Пенов нека пука ако сака, протестот е законски

„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа. Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски како реакција на синоќешната изјава на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите.

„Но, ако мотивира насилство во Македонија како демократска држава каде што протестите се и уставно загарантирано право, тогаш од тоа треба да бидат загрижени многу фактори во и надвор државава“, рече за МИА лидерот на превозниците Ленин Јовановски.

Пенов изјави синоќа дека Владата може, доколку е потребно, и насилно да ги тргна автобусите од блокираните крстосници.

Тој денеска одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги тргне блокадите од скопските улици. Тој посочува дека ситуацијата се следи и за истата додаде дека е непријатна. Се пожали дека и тој додека патувал кон Струмица, едвај го напуштил главниот град.

„Ја следиме таа ситуација. Непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат. Штетата ја плаќаат граѓаните. Секој по половина час вози повеќе, се вози повеќе, се троши гориво, се губат бизниси и работни часови, што е огромна штета за граѓаните.“, кажа Пенов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе