Вести Македонија Најважни

Приватните превозници до скопјани: Извинете за блокадите, бараме разбирање и поддршка од вас

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до скопјани за попреченото движење низ градот, откако изутринава од 6 часот повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град, барајќи исплата на побарувањата од Град Скопје.

„Слобода превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска, и се до решавање на проблемот, ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани, се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на „Слобода превоз“.

Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од 6 часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на „Илинденска“ во околината на Градското собрание.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ утрово рече дека нема да се тргнат блокадите сè додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат.

„Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните“, изјави Муриќ.

Од друга страна, граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации.

За во 11 часот е најавена изјава за медиумите на директорт на „Слобода превоз“  Ленин Јовановски  за последните случувања и натамошните чекори на превозниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе