Вести Македонија Најважни

Како загинала Македонката во Јужна Африка?: Јанеска пронајдена со прострелна рана во главата

Македонската државјанка Маја Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата во Јужна Африка, објави јужноафриканскиот портал „Њуз24“, повикувајќи се извори на полицијата во Јужна Африка. Притоа, во веста се додава дека е отворена истрага, но случајот, барем, во оваа фаза не се третира како сомнителен.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило на имотот Басонија. По пристигнување на посолената локација, полицијата пронашла жена во спална соба со прострелна рана во главата. До неа е пронајдено огнено оружје. Медицинските екипи констатирале смрт“, изјави полковник Мавелка Масондо, портпаролот на полицијата.

„Њуз24“ наведува дека нејзиното момче било во куќата.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

За време на престојоит во Скопје, таа одржала и мотивациски говор пред студенти на ФОН на кои им раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија каде добила понуда да работи во хотел, го научила свахили јазикот и започнала кариера како стилистка и шминкерка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески тврди дека „Талир 2“ ќе останел кај Ристоска ако не си дала оставка – таа одговори дека тоа не е точно

Kristina Kuzmanovski

Малолетник не смее да се качи на тротинет- нови законски измени

Kristina Kuzmanovski

Судската независност загрозена од другите државни инстанци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе