Вести Македонија Најважни

Османи уверува дека странските партнери зборуваат за корупцијата, затоа што немало други прашања

Во време кога амбасадорите на САД и Еу речиси секојдевно испраќаат критички пораки дека корупцијата го кочи напредокот на земјава кон ЕУ, министерот за надворешни Бујар Османи со став дека состојбата не е влошена -туку дека државата изминатиот период била фокусирана на решавање на егзистенцијални големи прашања а сега дошла на ред борбата со корупцијата
„Зошто сега во изјавите на нашите партнери само за тоа се зборува? Затоа што нема други прашања, затоа треба да ја искористиме оваа можност сите сили што ги имаме ослободени од други предизвици да ги концентрираме, да ја исчистиме државата од корупција“ – вели министерот Османи.
Аферата со правосудниот испит на синот на собранискиот спикер Талат Џафери е само еден од низата кои медиумите периодов ги обелоденија а се споменуваат функционери на ДУИ.
Османи очекува надлежните да го расчистат и овој случај но за тоа дали допонитено ќе го влоши имиџот пред меѓународните партнери вели:
„Не мислам дека странските пријатели така брзо имаат констатации без да видат што се случило.Новинарските извештаи се доволен поттик се за да се впери фокусот кон одредено прашање но за да се донесе став, треба види што се случило, треба да има завршница“ – тврди Османи.
И додека се чека расчистување на случајот експертската јавност прашува деновиве зошто министерството за правда ги чува документите за правосудните испити само 1 година.
Претходно документите се чувале и по 20 години. Директорот Емил Крстевски објаснува дека сите државни институции освен МВР, МНР и Одбрана значајните документи им ги доставуваат после 20 години.
Зошто во министерството за правда повеќе ги нема документите за положен правосуден испит на Џафери од таму во соопштение од минатата недела се повикаа на уредба објавена во службен весник во 2014 според која велат, министерот за правда секоја година носи листа на документиран материјал со рокови за негово чување за потребите на Министерството за правда.
Во посочениот член број 27 од уредбата не се споменува колку време треба да се чуваат документите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе