Филмови

АНГЛИЈА Е МОЈА – недела, 04 декември 2022- 19:45

Стивен е младо, интелигентно и болно срамежливо момче. Пишува и живее за растечката локална музичка сцена во Манчестер во 70 –те години, во тоа време мрачен индустриски град, со изненадувачки енергична суп-култура. Кога ќе собере храброст да излезе од својата сенка, создава препознатливи, со емоции исполнети песни. Сепак, славата го заобиколува. Неговите соништа исчезнуваат и не му останува ништо освен празните и изгубени денови во канцеларијата каде што работи како државен службеник.  Потсетувањето на неговата мајка и неговата сродна душа пријателката Линдер да “биди свој, бидејќи сите други се зафатени”, му дава позитивен ветер да  биде уметник каков што секогаш требал да биде.  Гитаристот на легендарните The Smiths во 1982 почнува соработка со Стивен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе