Вести Најважни Свет

Десетици повредени во силен земјотрес во северозападна Турција

Силен земјотрес утрово ја погоди северозападната турска провинција Дузче во кој се повредени 35 луѓе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој на Твитер напиша дека вкупно 32 лица се повредени во Дузче, каде бил епицентарот на земјотресот, а три лица се повредени и во провинциите Истанбул, Болу и Зонгулдак.

Коџа додаде дека еден од повредените во Дузче е во критична состојба.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, рече дека нема жртви.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил областа Гољака, се случил во 4:08 часот наутро.

Како што пренесе Анадолија, земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километри.

По земјотресот, регистрирани се вкупно 18 последователни потреси. Во регионот како мерка на претпазливост се воведуваат прекини на струја, соопшти АФАД.

Гувернерот на Дузче Џевдет Атај најави дека училиштата денеска ќе бидат затворени поради земјотресот.

Во 1999 година, провинцијата Дузче беше погодена од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер, кој траеше 30 секунди, во кој загинаа 710 луѓе, а беа повредени 2.679 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе