Вести Спорт Топ вести

Се израмни со Федерер: Шеста титула на Ѓоковиќ на завршните Мастерси и рекордни 4,7 милиони долари

Новак Ѓоковиќ го совлада Каспер Руд со 7:5, 6:3 во финалето на завршниот АТП Мастерс турнир во Торино и се израмни со Роџер Федерер на врвот на вечната листа.

Српскиот тенисер, иако не се чувствуваше најдобро пред натпревар, сепак, рутински стигна до триумф над 13 години помладиот ривал по час и 31 минута минати на теренот. За победата инкасира и 4,7 милиони долари.

За моментно осмиот светски рекет ова е шеста титула на завршниот Мастерс, со што се израмни по бројот на освоени титули со Швајцарецот Роџер Федерер. По пет имаат Пит Сампрас и Иван Лендл.

За Ѓоковиќ ова беше прво финале во Торино од 2018 година, кога загуби од Александар Зверев. Последната титула ја освои во 2015 година, по победата над Федерер. Трофејот на завршниот Мастерс го освојуваше и во 2008 година по триумфот над Николај Давиденко, во 2012 година – победа над Федерер, во 2013 година – победа над Рафаел Надал и во 2014 година – победа над Федерер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Да не го напуштаат живеалиштето, да им се одземат пасошите“ – Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројцата тепачи на малолетник во Ченто

Дејан Дејан

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе