Вести Македонија

СДСМ и ДУИ ја отвoраат владината врата за Алијанса

Неофицијално, во наредните денови Димитар Ковачевски и Арбен Таравари ќе имаат уште една средба. Тогаш веројатно ќе се отвори темата за проширување на Владата, што, и покрај бројните шпекулации, не била разговарана вчера, како што тврдат обајцата. И денеска, премиерот објаснува дека се разговарало за европската иднина на земјата и 130-те блокирани закони во Собранието.

И покрај говоркањата дека „огнената група“ во ДУИ е против влегувањето на Алијанса во Владата, првите луѓе на партијата сметаат дека сите проевропски сили се добредојдени.

Алијанса `се уште чека на официјална понуда од Владата. Ги нарекува шпекулации информациите дека тројцата главни коалициски партнери: СДСМ, ДУИ и Алтернатива ќе `и отстапат по едно министерско место и дека „во игра“ се ресорите здравство, правда, образование, земјоделство и животна средина. Алијанса веќе го подготвува својот список на услови, меѓу кои – да нема парламентарни избори пред 2024-та а да има автономија во одлучувањето.

Од понеделник, Ковачевски ќе има  разговори и со други партии, што ги нарекува „продолжение на лидерската средба“. Негов нареден соговорник е Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, а темата е иста и поврзана со европската агенда.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Дејан Дејан

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе