Вести Македонија Топ тема

Петровска во Топ Тема – Четвртиот пакет помош за Украина во моментов го анализира Генералштабот на АРМ, врз основа на барањето на Киев

Основата на секој систем за одбрана за сајбер одбрана, покрај купувањето на опрема, апсолутно втората клучна алатка се човечките ресурси. Во нашата држава факт е дека платежната моќ на државните институции во поглед на тоа колку можат да го платат кадарот од Ај-Ти сферата е многу помал од приватниот сектор, изјави во вечерашната Топ Тема, министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

„Еден од начините на кој работиме во Министерството за одбрана и веројатно ќе биде пример кој ќе треба да се следи е формирање на јавно-приватно партнерство со приватните компании во Република Северна Македонија кои имаат таков кадар, потенцијал, меѓутоа кои се и безбедносно чисти или безбедносно подобни за да соработуваат со институција каква што е Министерството за одбрана“ – вели Петровска.

Во однос на НАТО сертификатите, министерката изјави дека досега овие сертификати не ги добиле само мал број луѓе.

„На оние позиции за кои ние сме декларирале дека ќе испратиме свои претставници, пополнетоста со добиени НАТО сертификати е нешто повеќе од 70%. 20-тина позиции се вкупно, значи повеќе од половината се пополнети.“ – тврди Петровска.

Македонската министерка за одбрана, оцени дека од почетокот на војната во Украина, факт е дека нашата држава е изложена на сајбер напади и лажни вести од страна на непријателски држави. Во тој контекст таа ги издвои особено нападите против припадниците на Македонската армија.

Во однос на помошта за Украина која ја доделила нашата држава и информациите за подоготвување на четвртиот пакет помош, министерката Петровска изјави дека уште при првата одлука јавноста била известена.

„Две работи се многу важни. Прво, дали со давањето на таа опрема и вооружување, кои се предмет на трите одлуки за донација, сме направиле штета или можеби сме онеспособиле дел од ресурсите на нашата армија. Одговорот е не. Сето тоа што сме го дале во донациите, апсолутно не влијае и не ја намалува борбената готовност на нашата армија. Она што е исто така значајно е дали таа опрема е од корист или потреба на Украинската страна. Одговорот е апсолутно да. Тоа е направено врз нивно барање, декларирани потреби, согласно нивните стратегии, нивната стратегија за војување.“ – изјави Петровска.

Оружјето кое е доделено во трите донации за Украина, апсолутно не спаѓа во перспективно оружје или она што е потребно за развој на нашите капацитети, додаде министерката за одбрана. Во однос на тенковите, тоа значи дека тие ќе бидат заменети со поинаков тип на оклопни средства и оклопно вооружување, кое не припаѓа на таа категорија.

Во однос на четвртиот пакет помош, Петровска изјави дека тој е во фаза на преговори со Украинската страна, постои листа која е класифицирана. Во моментов Генералштабот на Армијата како стручно тело ја прави проценката и анализата и штом тие ја завршат анализата и донесат свој став, тоа ќе биде соопштено, вели Петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе