Останато Спорт

Велемајсторите ќе ги учат најмладите, Алкалоид отвори нов шаховски дом во Скопје

Ценејќи го значењето на шахот во развојот на најмладите, „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст. Станува збор за две училници во центарот на Скопје, каде што најсилните македонски велемајстори ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици.

Со повлекувањето на првиот потег во симултанка со ФИДЕ-мајсторот Моника Стојковска (македонски шампион за 2022 година), генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, симболично го означи почетокот на систематската работа со најмладите шаховски таленти во клубот.

Наставата во рамките на ШК „Алкалоид“ ќе ја водат лиценцирани тренери на Светската шаховска организација, кои се истовремено и најсилни македонски шаховски велемајстори, носители на националната репрезентација, како и освојувачи на многу турнири и шампионски титули во екипна и во поединечна конкуренција. Покрај членовите на ШК „Алкалоид“, овој нов шаховскиот дом, лоциран на ул.„Железничка“ (ул. „Јордан Мијалков“) бр. 40А во Скопје, ќе биде отворен за сите шахисти и љубители на шахот, кои ќе имаат можност за едукација, дружење и за турнири.

Според проценката на стручните експерти и на педагозите, шахот придонесува за развој на когнитивните способности кај најмладите, ја подигнува концентрацијата при учењето, ги подобрува аналитичкото размислување, решавањето проблеми и носењето одлуки, а во голема мера овозможува и дружење и креирање тимски дух.

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ е основан на 26 март 1976 година и важи за еден од најдобрите европски клубови. Има огромна колекција на титули, од кои најпрестижна е освоеното злато на Европскиот клупски куп во Нови Сад во 2016 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе